Македонија
22. October 2020 - 12:50

Инфоцентар: Да се смени моделот на функционирање на инспекциите

Недоволен и слабо платен кадар, но и висок ризик од корупција на инспекторите се клучните забелешки на невладината Инфоцентар, од каде спроведоа истражување за инспекциските слузби на локално ниво.

Сметаат дека општините немаат доволно капацитети за да организираат ефикасна инспекциска слузба.

Од друга страна, општинските инспектори се назначени од градоначалникот и нему дирекно му одговараат, што претставува ризик од корупција.

Исто така, од Инфоцентар сметаат дека законската регулатива не е хармонизирана и често е противречна.

Дополнителен проблем се и долгите законски и административни процедури, што придонесува инспекциите да се уште побавни во своето дејствување на терен.

Поради тоа, сметаат дека итно е потребно да се смени моделот на работа на инспекциите.

 

Мирјана Јовеска