Бизнис
28. February 2020 - 8:46

Инфо средби за ИПАРД во Пробиштип и Чешиново-Облешево

Инфо средби за спроведување и користење средства од ИПАРД програмата 2014-2020 денеска ќе се одржат во Пробиштип и општина Чешиново-Облешево.

Средбите ги организира телото за управување со ИПАРД фондовите при МЗШВ и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Инфо денови се за спроведување и користење на ИПАРД 2014–2020 каде во фокусот е мерката 1” Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства”.