Бизнис
29. March 2018 - 8:28

Инфо сесија за органско земјоделство

Во Прилеп денеска ќе се одржи инфо сесија за земјоделски оператори кои сакаат да добијат повеќе информации околу начинот на одгледување, поддршката и пласманот на органските производи. 

Како да се сертифицирам за органско производство, Семиња, заштита и советодавни услуги, Трошоци на органското производство и Кои се потребите на пазарот за свежи органски производи, се темите на кои ќе зборуваат домашни и странски експерти, а ќе учествуваат земјоделци од прилепскиот регион и откупувачи.

Предвидени се и индивидуални средби со трговци за свежи органски прозводи и со производители за семенски материјали и заштитни средства.

Сесијата ја организира швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ).