Бизнис
17. February 2020 - 11:15

Инфо ден за спроведување и користење на ИПАРД во Maкедонска Каменица

Во Македонска Каменица утре ќе се одржи Инфо ден за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој за ИПАРД 2014-2020 програмата.

На настанот, како што информираат од подрчната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заинтересираните покрај можноста за поставување на прашања ќе имаат можност да се запознаат со ИПАРД можностите за рурални средини, мерките 1, 3 и 7, како и приоритетните сектори со дадени критериуми и прифатливи инвестиции.

-Исто така присутните ќе имаат можност да се запознаат со начините за диверзификација на фарми, развој на бизниси и со програмата преку која со Јавен повик можат да обезбедат користење на средства, како и информација за потребните документи и деловните планови за работа, информираат од подрачната единица на МЗШВ.

Настанот го организира Секторот за управување со ИПАРД фондови при Министерството.

Инфо денот, како што информираат од подрачната единица на Министерството за земјоделство, ќе се одржи во Домот на културата во Македонска Каменица со почеток од 15 часот.