Инфо ден за потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа
Инфо-ден посветен на потпрогрограмата МЕДИА на Креативна Европа ќе се одржи денеска во ЕУ-инфо центарот во Скопје во организација на Министерството за култура и Агенцијата за филм, а во соработка со Канцеларијата за креативна Европа на Република Словенија (потпрограма МЕДИА).
По официјалното пристапување на Република Македонија во потпрограмата МЕДИА на 24 јули година, македонските оператори од аудиовизуелниот сектор станаа квалификувани за учество во оваа потпрограма.
На инфо денот ќе бидат претставени програмите на ЕУ во кои учествува Македонија, вклучувајќи ја и програмата Креативна Европа – потпрограма Култура. Главен фокус на настанот ќе биде промоцијата на акциите од потпрограмата МЕДИА за развој на проекти и за ТВ прикажувања за што повиците траат до 19. ноември односно 3. декември годинава.
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење