Македонија
6. November 2017 - 8:59

Инфо ден за потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа

Инфо ден посветен на потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа ќе се одржи денеска во ЕУ Инфо центарот.

Гостин на настанот ќе биде раководителката на Канцеларија за Креативна Европа МЕДИА на Литванија, Ева Бразџионите.

Настанот се организира во пресрет на претстојните рокови за аплицирање за повиците за „Развој на проекти“, „Филмски фестивали“ и „ТВ програмирање“. Покрај презентациите, предвидена е и работна сесија проследена со прашања и одговори.

Рокот на повикот на МЕДИА за „Развој на проекти“ е до 23 ноември, за  „Филмски фестивали“ до 23 ноември, а за „ТВ Програмирање“ до 16 ноември.