Македонија
8. јуни 2016 - 8:29

Инфо ден на ФЕИТ

Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска организира ИНФО ден за сите заинтересирани средношколци.

Во холот на Факултетот ќе биде поставен штанд на кој сите заинтересирани студенти ќе добијат потребните информации за запишување и студирање на овој Факултет за студентските програми, условите за студирање и уписите. Средношколците ќе можат да ги погледаат и просториите и лабораториите на ФЕИТ каде ќе се одржува наставата.