Живот
9. April 2019 - 13:40

Инфлуенсерка вриштеше пред камерите, и го избришале профилот на Инстаграм: Сакав да бидам подобра личност, уништен ми е животот!

Инстаграм инфлуенсерката Џеси Тејлор се расплака пред камерите, додека го снимала видеото на Јутјуб во кое ги моли луѓето да престанат да го пријавуваат нејзиниот профил, откако Инстаграм и го избришал. 
 
- Таман ги средив сите фотографии и ми го избришаа профилот,  објаснила со солзи во очите Џеси. 
 
Додала дека се наоѓа во Лос Анџелес и дека сака да биде на Инстаграм и дека ништо не е без своите следбеници. 
 
- Се обидував да бидам подобра личност. Размислете пред да уништите нечиј живот, сите пари ги заработувам онлајн, вриштела хистерично девојката. 
 
- Знам дека луѓето сакаат да ме видат понижена, знам дека сакаат да бидам  како и другите, да одам на работа од 9 до 17 часот, но тоа не сум јас, вели таа. 
 
- Напорно работев да дојдам до тука и најлошото чувство на светот е тоа што  ми го одземавте. Грозно е кога луѓето се против тебе без никаква причина, додава таа. 
 
Потоа таа објаснува дека во минатото работела како проститутка и дека Инстаграм многу и помогнал да престане да се занимава со тоа. 
 
Сега направила нов профил, на кој ја следат повеќе од 1.600 луѓе, но следбениците во коментари молат да и го вратат и стариот профил. 
 
Погледнете го видеото.