Свет
21. December 2016 - 16:33

Инферно во Мексико: Десетици луѓе загинаа во експлозии на пиротехника

Најмалку 3о лица загинаа, а 70 се повредени , од кои  25 лица имаат тешки повреди со изгореници на 90 проценти од кожата, во серијата експлозии што се случија на најголемиот пазар за пиротехника во Тултепак  во Мексико.Засега не се знае што ја предизвикало првата експлозија. Експлозиите биле толку силни што ѕидовите на објектите каде била чувана пиротехниката „практично биле стопени“ од високата температура што притоа се развила.

Во експлозиите се уништени повеќе од 80 станови, како и куќи во околината. Пазарот е целосно уништен , а за време на експлозиите на него  се наоѓале 300 тони огномет.

 ПЕТМИНА МРТВИ ВО ПАД НА ТОВАРЕН АВИОН  ВО КОЛУМБИЈА

Товарен авион „Боинг 727“ се урна во Колумбија. Во несреќата загинаа пет членови на екипажот, а едно лице е тешко повредено, соопшти колумбиската цивилна авијација.

Авионот полетал од местото Пуерто Карано кон Богота, а се урнал неколку минути по полетување . Во авионот биле само членовите на екипажот.

Причините за несреќата дополнително ќе се испитуваат.

Неверојатни сцени: По 37 години падна снег во Сахара

 Во малиот алжирски град Аин Сефри во пустината Сахара синоќа падна снег и тоа првпат по 37 години.Локалните жители биле изненадени и изјавиле дека снежната покривка се задржала во текот на целиот ден.

Последен пат  снегот тука паднал во февруари 1979 година, кога снежната бура траела цел половина час.