Бизнис
27. August 2015 - 13:34

Индустриското производство во периодот јануари-јули поголемо за 0,2 отсто

Индустриското производство во периодот јануари - јули 2015 година во однос на истиот период лани е поголемо за 0,2 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика. 

Во јули годинава, пак, е евидентирано намалување на индустриското производство во споредба со јули 2014 за 2,7 отсто. 

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2015, бележи пораст од 7,8%, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 3.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација намалување од 13.2%. 

Според главните индустриски групи, производството во јули годинава 2015 година, во однос на истиот месец лани, бележи пораст кај Капитални производи за 28.1% и Трајни производи за широка потрошувачка за 6.5%, додека опаѓање има кај Енергија за 15.3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.7 %.