Индустриската зона Раброво и селото Јосифово ќе се поврзат со регионалниот пат
Со финансиска помош од Бирото за регионален развој, Општина Валандово продолжува да инвестира во капитални проекти, како што велат оттаму, за да создава подобра заедница и подобри услови за живот на сите граѓани.
Во тој поглед од општината денеска најавија дека по завршување на јавната набавка веднаш ќе почне реализацијата на проектот за поврзување на индустриската зона Раброво со регионалниот пат, со цел преку изградба на патна инфраструктура да се олесни пристапот до индустриската зона и да се зголеми безбедноста на сообраќајните учесници со поставување на хоризонтална и ветрикална сигнализација.
Речиси иста цел ќе има и проектот за поврзување на селото Јосифово и Горна маала со регионалниот пат Валандово-Удово.Реализацијата на проектот, посочија од општината, опфаќа изградба на нова улица од 1.180 метри со широчина од 6 метри,изградба на мост на влезот на Горна маала и тротоар во должина од 700 метри.
Овој проект треба да ја зголеми безбедноста од поплави на локалните жители и да ја подобри поврзаноста на Јосифово и Горна маала со регионалниот и магистралниот пат.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица