Бизнис
14. January 2019 - 20:27

Индустријата не може да најде работници, на пазарот нема стручен кадар

Македонските компании мака мачат да го најдат потребниот кадар за работа. Со овој проблем особено се соочуваат фирмите од прехрамбената, металната и електроиндустријата.  Иако дел од нив се одготвени да  дадат и повеќе пари за плати тие сепак не можат да ги најдат соодвените работници.

За надминување на проблемот бизнисот  апелира дека е  потребно да се зголеми квалитето на формалното образование, за компаниите да можат да го најдат потребниот кадар на пазарот на трудот.

Од комората  посочија дека работодавачите  не се мотивирани да примат ученици на праска, а учениците не се заинтересирани да одат на обука во фримите. Сметаат дека  проблем е и тоа што во стручните учичлишта и на факултетите  се учи  по програми од минатиот век, а не се не  ниту доволно опремени.