Свет
28. August 2019 - 14:55

Индонезиските сили отворија оган врз демонстранти во Папуа

Индонезиските владини сили денеска отворија оган врз демонстранти во Папуа, при се убиени шест луѓе додека се обидувале да се пробијат во седиштето на локалната влада во областа Даиваи, соопштија медиумите повикувајќи се на портпарол на сепаратистичката група.

. – Нападот се случува токму сега, не знаеме колку има жртви, изјави Маркус Халук, лидер на сепаратистичкото Обединето ослободително движење за Западна Папуа.

Портпаролот на националната полиција Деди Прасетио ги отфрли наводите за убиства на демонстранти, оценувајќи ги како „провокации“ и нагласувајќи дека може да и се верува само на информацијата од полицијата на Папуа.

Папуанскиот воен портпарол Еко Дарванто истакна дека некои полицајци се погодени од стрели.

– Не знам колку има жртви бидејќи комуникациите со тој регион се лимитирани, објасни Дарванто.

Илјадници жители на Папуа протестираат поради етничка дискриминација од минатата недела, а демонстрантите подметнуваа пожари на пазар, в затвор и во владините објекти.

Протестите се предизвикани од расистичките акции против папуанските студенти, кои се нападнати со солзавец во својот студентски дом и притворени во градот Сурабаја на најголемиот индонезиски остров Јава на 17 август. Некои протестени собири прераснаа во широки барања за гласање независност.

Околу 1.200 полицајци се префрлени во тој регион, каде и покрај тоа има силно воено присуство поради повеќедеценискиот сепаратистички судир.