Индонезискиот министер за одбрана нападнат со нож
Индонезискиот министер за безбедност Виранто е свесен и во стабилна состојба, откако непознат маж го нападна со нож за време на посетата на островот Јава, соопшти денеска полицијата.
Министерот бил нападнат кога излегувал од автомобил во градот Пандегланг, по што веднаш е пренесен во болница.
Портпаролот на националната полиција Деди Прасецио рече дека напаѓачот е уапсен и дека во инцидентот е повреден и еден полицаец.
Виранто (72) е министер за безбедност од 2016 година.
Неговиот избор предизвика критики од страна на десничарските групи поради вмешаност во крвавите судири во Источен Тимор, додека беше командант на безбедносните сили.
Комисијата на ООН го обвини за крвопролевање за време на гласањето за независност на Источен Тимор во 1999 година, кога загинаа 1.000 луѓе. Виранто ги негираше обвиненијата.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Се заокружуваат предизборните коалиции
-
Азески: Економијата да биде приоритет, а политичарите да ги исполнат ветувањата