Свет
15. April 2019 - 14:14

Индонезијците ќе гласаат на најголемите еднодневни избори во светот

Десетици милиони Индонезијци в среда ќе гласаат на претседателски и парламентарни избори, по кампања која беше фокусирана врз економијата, но и со засилено влијание на политичкиот ислам во државата со најголемо муслиманско мнозинство во светот.

Индонезискиот претседател Џоко Видодо, кој е поранешен продавач на мебел, на овие избори се бори за втор мандат. Негов противкандидат е Прабово Субианто, кого Видодо го победи со мала предност во 2014 година.

Во повеќето анкети Видодо има двоцифрена предност, но опозицијата ги оспорува прогнозите. Тие тврдат дека постојат неправилности со милиони луѓе во избирачкиот список. Тие најавија прави акции или се заканија со „народната сила“ ако нивните жалби не се земат предвид. Речиси 500.000 полицајци и војници ќе бидат распоредени на улиците во државата за да се гарантира безбедноста на изборите.

Над 192 милиона луѓе ќе гласаат и за избор на членови на националниот и на регионални парламенти, за кои се кандидирани 245.000 лица.

Овие избори претставуваат најголемо гласањето во светот за еден ден. Избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот утрото по локално време, а избирачите ќе се гласаат на пет ливчиња за претседател, потпретседател и за пратеници во националниот и регионалните парламенти.

Се очекува победникот на изборите за претседател да се знае во доцните вечерни часови в среда.