Loading Video...
Свет
23. December 2018 - 19:28

Индонезија брои жртви по цунамито предизивкано од ерупција на вулкан

Цунами  однесе најмалку 220 животи во Индонезија. Бројот на повредни надмина  800 лица.  Уништени се стотици домови и хотели. Спасувачките екипи трагаат по преживеани под уратините.

-Наредив сите релевантни владини претсанвици веднаш да преземат чекоир за итни мерки, да бараат  прежиевани и да се грижат за повредените, изјави индонезискиот претседател Јоко Видодо.

Намногу жртви има  во регионите Пандегланг, Лампунг и Серанг. Двајца од загинати се членови на познатиот индонезиски  поп бенд Севентин, кој во тој момент одржувал  концерт на плажата Танжунг Лесунг.

Високите бранови  биле предизвикани од подморско лизгање на земјиштето поради ерупција на вулканот Анак Кракатау кој се наоѓа помеѓу осторовите Јава и суматра, соопшти индонезиската метеоролошка агенција.   Ударот на цунамито уследил 24 минути по ерупцијата, без никакво предурпедување од властите.