Loading Video...
Балкан
2. јуни 2021 - 12:21

Индискиот сој детектиран во Хрватска

Индискиот сој од коронавирусот за прв пат откриен на Балканот. Ивана Пем Новосел од хрватскиот Институт за јавно здравје утрово информираше дека во земјата се регистрирани вакви случаи.

Откриено е пред неколку дена во Сплит, Далмација, но ова се индивидуални случаи и нема причина за паника, рече таа, додавајќи дека грижата треба да продолжи.

Индискиот вид на коронавирус дава слични симптоми на другите видови на вирусот: треска, губење на чувство за мирис и вкус, кашлица, релјефен јазик, замор, главоболка. Пред една недела два случаи од оваа варијанта беа потврдени и во Унгарија.