Свет
13. January 2017 - 11:21

Индиски „СпајсЏет“ со порачка за авиони Боинг во вредност од 22 милијарди долари

Индискиот авиопревозник СпајсЏет (SpiceJet) ќе нарача 205 авиони во вредност од 22 милијарди долари од американската компанија Боинг, со што ќе биде една од највисоките нарачки направена од Индија.

Со договорот ќе бидат купени 100 нови 737Макс8 авиони, 55 авиони за кои веќе имало нарачка и дополнително – уште 50 авиони.

– Со тоа, вкупната порачка е 205 авиони за сума од 22 милијарди долари, наведува во соопштение СпејсЏет.

Авиопревозникот пред две години беше на раб на затворање поради големи загуби.