Индиски пратеник облечен како Хитлер се појави во Парламентот
Индискиот пратеник Нарамали Сивапрасад ја шокираше јавноста откако во Праламентот се појави облечен како Адолф Хитлер.
Сивапрасад, кој инаку е поранешен актер, се појави како поранешниот нацистички диктатор во знак на протест за владината одлука на државата Андра Прадеш, која тој ја претставува, да не и се додели посебен статус и да добие поголеми средства за економски развој.
Инаку, не е првпат овој 67-годишен пратеник, кој е инаку член на партија која до неодамна беше дел од владејачкото мнозинство, во Парламентот да се појавува маскиран - претходно беше облечен како митолошко суштество, хиндуистичко божество, духовен водач и жена.
- Ова го правам за да го привлечам вниманието на јавноста. Ова ќе ги натера луѓето да размислуваат, изјави Сивапрасад и додаде дека сите маски досега биле испирирани од неправедниот третман на Владата кон неговата држава.
А последниот пат се облекол како Хитлер, бидејќи нацистичкиот лидер никогаш не барал ничив совет и не работел за доброто на народот, а според него во некои области индискиот премиер Нарендра Моди го прави истото.
Пратеникот потенцира дека имал високи очекувања кога Моди ги освоил изборите во 2014 година, но неговата Влада потфрлила.
Меѓутоа, последото негово маскирање предизвика оштра полемика во индиската јавност, при што за дел од граѓаните тоа е само претстава, додека други му упатија критики дека е недозволиво на таков начин да се популаризира Хитлер, кој е виновен за смртта на милиони луѓе.
Сивапрасад во своја одбрана наведе дека тој е уметник и на креативен начин се обидува да ги соопшти своите ставови.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово