Свет
27. October 2017 - 11:30

Индиски новинар уапсен под обвинение за изнуда

Познат индиски новинар денеска е уапсен под обвинение за изнудување пари од државен министер, кој го уценувал со видео снимка.

Винод Верма, независен новинар, кој работел со Би-Би-Си и новинската група Амар Уџала Хинди, бил уапсен од неговата куќа во градот Газиабад во близина на Њу Делхи.

Верма, кој се појави на суд, тврди дека бил уапсен бидејќи имал „снимка со секс“ на министер во Чатисгар, централна индиска држава.

Претставник на полицијата информира дека има доказ за обвиненијата за изнудување против Верма, додавајќи дека од неговиот дом се запленети 500 дискови, УСБ мемории и лаптоп.

Верма е обвинет дека работел по наредба на ривалската партија во Конгресот на Чатисгар, додека партијата го негираше обвинението.

Верма го нарече апсењето „политички лов на вештерки“.

- Владата на Чатисгар ме уапси, затоа што имам секс снимка на министерот. Ме наместија, изјави новинарот.