Свет
27. November 2017 - 14:49

Индиската полиција со помош на слонови протерува илегални доселеници од шумите

Индиската полиција презеде невообичаен чекор користејќи слоновите во обид да протера повеќе од стотина луѓе кои илегално живеат во шумите што се заштитени со законот на далечниот североисток на Индија.

Полицијата денеска употреби булдужери и слонови за да ги протера илегалните жители на шумските предели, кои одговорија со фрлање камења.

Индија слонови

Полицискиот службеник Хирен Нат изјави дека најмалку петмина цивили биле повредени при инцидентот во кој полицијата употребиле солзавци во шумската област во државата Асам.

Индискиот министер за шуми Прамил Брахма изјави дека таа област е природно живеалиште на слоновити, додавајќи дека илегалните доселеници ги принидиле овие големи животни да ги напуштат шумите во потрага по храна.