-->
-->
Индијан Велс: Вавринка во полуфиналето
-->
Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерс турнирот 1000 што се игра во Индијан Велс. Тој ноќеска по голема борба го совлада Доминик Тием од Австрија со 2:1 во сетови во решавачкиот сет во тај брекот беше 7:4 на поени. Негов противник во полуфиналето ќе му биде Пабло Карено Буста од Шпанија, кој исто со 2:1 во сетови го победи Пабло Куевас од Уругвај.
Другите два четвртфинални меча Рожер Федерер – Ник Кирјиос и Џон Сок – Кеи Нишикори се играат вечерва.
Кај жените Каролине Вознијацки (Данска) загуби од Кристина Младеновиќ (Франција) со 2:1 во сетови, а Елена Веснина (Русија) беше подобра од Венус Вилијамс (САД) со истиот резултат. Веснина против Младеновиќ ќе игра во полуфиналето вечерва, додека втората финалистка ќе биде подобрата од мечот Каролина Плискова (Чешка) и Светлана Кузнецова (Русија).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024