Тенис
22. March 2016 - 9:13

Индијан Велс: Оставка на директорот-сексист!!!

Директорот на Мастер турнирот во Индијан Велс, Рејмонд Мур, поради изјавата дека тенисерките им се приколици на тенисерите кои ја користат популарноста на машкиот тенис, поднел неотповиклива оставка на функцијата.
 
Сопственикот на турнирот, кој уште се нарекува и „петти Грен слем“, Лери Елисон, соопштил дека Мур поднел оставка на местото извршен директор на турнирот во Калифорнија, со што ставил крај на 29-годишната соработка со овој турнир.
 
„Реј ме извести дека поднесува оставка, која веднаш стапува во сила. Целосно ја разбирам неговата одлука“, рекол Елис.
 
Инаку, Мур, пред почетокот на финалниот меч на Матсерсот во Индијан Велс, во женска конкуренција помеѓу Серена Вилијамс и Викторија Азаренка рекол дека „женскиот тенис ја користи популаноста на машкиот тенис“.
 
„Да сум јас тенисерка секоја ноќ би му се заблагодарувал на Бога што се родени Роџер Федерер и Рафаел Надал, бидејќи тие го носеа тенисот. Навистина тоа го правеа“, рекол Мур, кои подоцна упати писмено извинување за својата изјава.