Тенис
21. March 2016 - 8:17

Индијан Велс: Ѓоковиќ загуби само два гема во финалето од Раониќ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ без многу проблеми го совалда во финалето на мастерсот 1000 Милош Раониќ од Канада со 6:2 и 6:0 во сетови. Ова за него е петти триумф во Индијан Велс или вкупно 27.ма титула на Мастерс 1000 турнирите со што се изедначи со Рафаел Надал, кого го победи во полуфиналето.

Мечот траеше 90 минути, а Ѓоковиќ на убедлив начин стигна до уште еден пехар.