Живот
13. December 2017 - 9:34

Индија забрани ТВ реклами за кондоми преку ден

Индиските власти ги забранија рекламите за кондоми на телевизија дење, со оценка дека некои од нив се со „вулгарни содржина" и дека децата треба да бидат заштитени од тоа.

Министерството за информации им наложи на 900 ТВ канали да не пуштаат реклами за кондоми од 6:00 до 22:00 часот, и дека доколку не ја почитуваат забраната, ќе бидат казнети.

„Наложено им е на сите телевизиски станици да емитуваат реклами за презервативи, оти би можеле да бидат непримерни за деца", стои во соопштението.