Свет
1. August 2016 - 9:00

Индија: Уапсени 15 лица поради групно силување на мајка и дете

Полицијата во северна Индија уапси 15 лица, осомничени за групно силување на жена и нејзината ќерка, извршено во реонот на фреквентен автопат. 

Мајката и детето патувале заедно со тројца роднини во автомобил, кој бил сопрен од страна на мажи со метални прачки. 

Силувачите ги извлекле патниците од автомобилот и ги однеле на ливадата близу автопатот, каде ги врзале роднините и пред нив ги силувале жената и детето. 

Потоа им ги одзеле сите лични предмети.