Свет
4. January 2017 - 19:33

Индија ќе лансира рекордни 103 сателити во вселената

Индија следниот месец ќе лансира во вселената ракета со 103 сателити, што ќе претставува светски рекорд бидејќи ниту една земја досега не лансирала толкав број сателити во само една мисија.

Ракетата, како што е планирано, ќе биде лансирана од Срихарикота од јужниот дел на земјата, со три индиски и 100 странски сателити, меѓу кои ќе бидат американски, француски и германски сателити.

Доколку мисијата биде успешна, Индија ќе го урне светскиот рекорд како прва земја која лансирала толку сателити на една ракета, оставајќи ја Русија зад себе со одеднаш лансирани 39 сателити во јуни 2014 година.