Македонија
10. January 2019 - 16:19

Индекс на демократија 2018: Македонија на 78 место во категоријата ,,Хибридни режими‘‘/

Трета година по ред Македонија останува хибриден режим. Угледниот магазин Економист пресметал дека индексот на демократија во земјава минатата година изнесувал 5,87 поени на скалата од 1 до 10.
Според Економист, демократијата во Македонија е на нивото на онаа од Украина, Ел Салвадор и Боливија. Од земјите од соседството, заедно со Македонија во групата земји во кои владее хибриден режим, Економист ги ставил и Црна Гора и Албанија, додека Србија се смета за недоволна демократија заедно со Бугарија но со далеку подобри оценки од Македонија. Најдобри оценки во регионот имаат Грција и Словенија
Според Економист, оценката за Македонија се должи на ниската политичка култура и слабото функционирање на владата, а најдобро се оценети граѓанските слободи.

Само во последната година Македонија бележи скок од 10 места со значителен раст на индексот на демократија кој во изминатите десетина години бележел и подобри но и полоши резултати. Највисок бил во 2008 година, кога Македонија била сместена во групата земји со недоволна демократија а најнизок во 2016та кога за прв пат Македонија се каратеризира како хибриден режим.

На врвот на листата на економист и оваа година се нордиските земји. Најдемократска е Норвешка со оценка 9.87 а ја следат Исланд и Шведска.
На дното се наоѓа Северна Кореја заедно со Сирија и демократсата република Конго.
Угледниот магазин пресметал дека само 4,5% од луѓето во светот живеат во целосна демократија.
Истражувањето на економист опфаќа 167 држави а се оценуваат 60 показатели во пет различни категории.