Loading Video...
Балкан
9. November 2022 - 16:30

Инциденти на протестот во Атина во рамките на генералниот штрајк

Инциденти се случија на протестот во Атина кога група маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели пред грчкиот парламент. Полицијата употреби солзавец за да ја растера групата. Судирите кратко траеја по што продолжи протестниот марш низ улиците во рамките на генералниот 24 часовен штрајк организиран од двата најголемите грчки синдикати на вработените во приватниот и државниот сектор поради ниските плати, зголемите трошоци и скапите горива.

Штрајк на синдикатите има и во Белгија, а барањата се исти како и на грчките работници - зголемување на платите.