Македонија
19. April 2018 - 17:44

Инцидент во Турското маало во Струмица

 - Три полициски автомобили, едно комбе и десетина полицајци попладнево по 15 часот интервенираа во Турското маало во Струмица.
 
Според првичните информации на влезот во маалото дошло до тепачка меѓу две семејства при што биле употребени и секири.
 
Очевидци раскажуваат дека до пресметка дошло поради расправија за место за продажба, а според други, пак, поради недоразбирање околу плаќање закупнина за една продавница.
 
Полицијата врши увид на местото на настанот, а улицата „Бетовенова“ е блокирана на влезот од полициски возила.
 
Од полицијата го потврдија настанот, а со повеќе информации ќе излезат подоцна