Македонија
11. April 2018 - 12:16

Инцидент во скопско училиште

Инцидент во Основното училиште „Боро Петрушевски“  во скопски Сингелиќ. Според информациите на МВР, вчера  околу 12,45 часот во Скопје, на влезот во Средното училиште „Боро Петрушевски“, Б.С. (17) од Сингелиќ, со тврд предмет го повредил (во пределот на стомакот) Ф.Р.(18) од село Арачиново, скопско. Повредениот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза". Се преземаат мерки за расчистување на случајот.