Македонија
20. October 2017 - 15:11

Инцидент во скопска кафеана

Инцидент во скопска кафена. Според информациите на полицијата, во средата во 23,20 часот било пријавено дека на ул.“Пролет“ поточно пред угостителски објект од страна на И.Ј., Б.Р. и уште едно лице бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад над В.К.(28) од Скопје,  удирајќи го со  тврд предмет во пределот на главата, а потоа и со  тупаници во пределот на главата од што се здобил со видливи повреди во вид на расекотина на главата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.