Македонија
27. July 2018 - 15:45

Инцидент во Скопје: Ја начекал ќерка му во кафеана и ја претепал

Инцидент во скопски локал, жена нападната од нејзинот татко и нејзиниот брат. Според информациите од полицијата, вчераво 06,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје В.Ц.(34) пријавила дека на 25.07.2018 година околу 22 часот на улицата „Маџари“ поточно во угостителски објект била физички нападната од страна на нејзиниот татко Л.Ц.(68) и нејзиниот брат И.Ц.(39). Сочинети се записници за констатирани прекршоци по чл.11 и чл. 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.