Македонија
3. February 2018 - 11:56

Инцидент во Сити Мол

Инцидент вчера се случил во трговскиот центар „Сити Мол“

- Вчера во 21:50 часот било пријавено дека во Трговскиот центар „Сити Мол“ пред сендвичарите на третиот кат бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу К.М.(22), Ф.Ј.(22), Л.Б.(22) сите од Кичево од една страна и Ј.Р.(29) и М.С.(30) од Скопје од друга страна страна. Причина за нарушувањето на јавниот ред и мир било тоа што трите лица од Кичево со мобилен телефон сликале две другарки на Ј.Р. и М.С. Тие најпрво започнале вербална расправија, а потоа настанала и тепачка, стои во соопштението на МВР.

На местото на настанот излезено е од страна на полициски службеници и сочинет е записник за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.