Македонија
10. November 2017 - 13:57

Инцидент во село Слупчане, повредено едно лице

Тежок иднцидент во село Слупчане, повредено едно лице.  Според информациите на МВР, на 09.11.2017 година околу 19.50 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од Ургентниот центар Скопје било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето Н.З. (48) од с.Слупчане, општина Липково. Н.З. на улица „Мајка Тереза“, од страна на непознато лице со остар предмет бил прободен во пределот на стомакот и грбот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителост и за целосно расчистување на случајот.