Македонија
4. September 2018 - 14:56

Инцидент во познато казино во Македонија

Тежок инцидент во  познато казино во Штип, полицијата морала итно да интервенира. 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Х.С.(22) од Скопје поради постоење основи ан сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 25.08.2018 година во казино во Кочани, по вербална расправија, од страна на вработените пријавениот бил отстранет од објектот. 

При интервенција на полициски службеници, пријавениот ги омаловажувал полициските службеници, по што бил приведен во Полициската станица Кочани, каде физички ги нападнал полициските службеници.