Македонија
15. January 2017 - 12:41

Инцидент во познат скопски клуб

Вчера било пријавено дека С.П.(31) од Скопје,  истиот ден околу 05.30 часот на бул.„Климент Охридски“, во ноќен клуб „Епицентар“ настанала расправија помеѓу оштетениот и шанкерите. Откако вработените излегле од шанкот започнале да го удираат оштетениот со тупаници во пределот на главата и лицето, а во еден момент уште неколку машки лица се приклучиле во нападот.  Откако С.П. се обидел да избега, од страна на сторителите бил удрен со две стаклени шишиња во пределот на главата. Оштетениот бил пренесен во Ургентно , каде му се констатирани телесни повреди.

Се превземаат мерки за расчистување на настанот.