Македонија
23. April 2018 - 14:38

Инцидент во македонски ноќен клуб

Инцидент во македонски ноќен клуб. Според информациите на МВР, вчера  во 04,15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Б.П.(29) пријавил дека додека бил како гостин во ноќен клуб во населеното место Марино бил физички нападнат од страна на Д.Н. вработен како обезбедување во локалот, кој го удрил во пределот на главата и лицето нанесувајќи му видливи повреди.

Се работи на целосно расчистување на случајот.