-->
-->
Инцидент во хотел во Охрид - гостин падна од балкон, лекарите се борат за неговиот живот
-->
Инцидент во охридски хотел, гостин паднал од тераса, итно пренесен на скопските клиники. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 05.33 часот во Полициската станица Охрид било пријавено дека Н.Т.(26) од Република Србија паднал од тераса во хотел во Охрид. Тој се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците