Македонија
11. December 2022 - 20:52

Инцидент во Чаир, навивач физички нападна играч на Работнички | ВИДЕО

 Голем инцидент се случи вечерва на натпреварот од македонското кошаркарско првенство во салата „Шабан Трстена“ во Чаир меѓу истоимената домашна екипа и Работнички.

Еден симпартизер на Чаир втрча во теренот и го нападна плејмејкерот на Работнички, Ерик Нотиџ. Сепак играчите на двете страни беа присебни и спречија ескалација на ситуацијата

Инцидентот се случи во 14-та минута при водство на Работнички со 44:23.

Натпреварот по инцидентот е во прекин.