Свет
2. August 2017 - 10:58

Инцидент пред Кинескиот конзулат во Лос Анџелес

Вооружен маж вчера пукаше врз Кинескиот конзулат во Лос Анџелес, соопшти американската полиција.

- Во инцидентот, што се случи во шест часот по локално време, никој не е повреден, бидејќи Конзулатот се уште немаше почнато со работа, истакна претсатвникот на локалната полиција Мајкл Лопез.

Тој додаде дека мажот е пронајден мртов во својот автомобил, што беше паркиран во близина, откако пукал и во себе.