Македонија
1. јуни 2019 - 18:32

Инцидент пред кафеана во Скопје- има приведени

Утринава во 2:30 часот пријавено е дека на улицата „Пролет“ во Скопје, пред угостителски објект нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Д.Р. (33) и А.Ш. (40) од Скопје од една страна и Н.С. (24), М.А. (25) и И.Ј. (36) сите од Скопје од друга страна.

Н.С., М.А. и И.Ј. се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

15 минути подоцна, односно, во 2:45 часот пријавено е дека на улицата „Пролет“ пред угостителски објект од страна на А.К. (31) од Скопје нарушен е јавниот ред и мир со физички напад врз Д.Р. (33) од Скопје.

На место на настанот констатиран е прекршок од страна на полициски службеници и против пријавениот ќе биде поднесена прекршочна пријава.