Свет
21. May 2016 - 11:37

Инцидент околу Белата куќа, полицијата го застрела напаѓачот

Состојбата на опсада околу Белата куќа е прекината, откако полицијата го застрела и го притвори напаѓачот кој претходно пукаше во нејзина близина.

Во инцидентот никој од припадниците на персоналот или обезбедувањето не е повреден.

Претседателот Барак Обама кој не се наоѓал во Белата куќа. информиран е за инцидентот.

Белата куќа вчера беше блокирана откако полицијата пријави дека дошло до пукотници во нејзина близина, а се појавија и извештаи дека напаѓачот мавтал со оружје во правец на агентите на тајната служба.

Си-ен-ен наведува дека осомничениот му пришол на пунктот на тајната служба, каде извлекол оружје. Агентите пукале во него и тој е притворен.