Фудбал
28. April 2016 - 11:11

Инцидент на шведското дерби

Шведска генерално нема проблеми со хулиганите на стадионите, но сцените кои се случија на дербито меѓу Гетеборг и Малме го докажуваат спротивното.
 
Имено, Тобиас Сана, фудбалер кој кариерата ја започнал во Гетеборг, а сега и играч на Малме, со корнер знаменцето го гаѓал навивачите на поранешниот тим.
 
Сана бил изнервиран бидејќи додека се загревал прво бил навредуван од навивачите на Гетеборг, а потоа до неговата нога експлодирала петарда. Играчот преплашен го грабнал корнер знаменцето и го фрлил на трибината.
 
Главниот судија поради инцидентот го прекинал натпреварот, кој продолжил по половина час. Дербито во шведското првенство заврши без голови.