Балкан
12. April 2018 - 13:34

Инцидент на седница: Еди Рама гаѓан со брашно и јајца во Парламентот

Албанскиот премиер Еди Рама за време на денешната парламентарна седница беше гаѓан со брашно поради апсењата на лицата кои протестираа против воведувањето патарини на автопатот меѓу Косово и Албанија.

Кон Рама беа фрлени брашно и јајца, поради што седницата во неколку наврати беше прекината.

По инцидентот беше принудено да реагира и обезбедувањето, кое отстрани од салата неколку пратеници од редовите на опозицијата, јавија албанските медиуми.