Свет
8. April 2017 - 18:21

Инцидент на митингот на Ле Пен на Корзика

Салата во која Марин Ле Пен попладенво требаше да одржи  предизборен митинг во  Ајачио беше испразнета откако демонстрантите против нејзиното доаѓање на Островот беа отстранети, јави дописникот на МИА.

Обезбедувањето на Националниот Фронт, се обиде да ги отстрани од салата десетина демонстранти, кои извикуваа „Франкија надвор“. Притоа имаше физичка пресметка, а беше употребен и солзавец, по што на крајот целата сала беше испразнета.