Македонија
25. September 2018 - 14:19

Инцидент на фудбалски натпревар во Струга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе  кривична пријава против Д.Ш.(22) од село Вевчани, струшко за сторено кривично дело „насилство“. На  29 август 2018 година во село Драслајца, струшко, по завршувањето на фудбалски натпревар, пријавениот,  изреволтиран  поради изгубениот натпревар, физички нападнал 20 годишно лице кое на натпреварот учествувал како голман на една од екипите.