Македонија
18. October 2018 - 18:21

Инциден во скопско казино

32-годишен скопјанец бил физички нападнат во казино во Лептокарија. Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Скопје вчера лицето М.М.(32) пријавило дека истиот ден околу 22.40 часот во казино, лоцирано во Трговскиот центар Лептокарија, додека играл на рулет апаратот, бил физички нападнат од страна на две непознати лица.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.