Имунолозите изолираа антитело кое реагира на делта сојот
Меѓународна истражувачка група научници, меѓу кои и вирусениот имунолог Лука Шичин-Шаин од Хрватска, успеа да изолира антитело кое реагира на нов делта сој на коронавирусот.
– Тоа е лек што спречува коронавирусот да навлезе во клетките и со тоа да го пробие неговиот ланец на ширење низ телото. Тестиравме и докажавме дека нашиот лек работи не само во клеточна култура, туку и во живи организми. Во тек се првични клинички истражувања. Нашето антитело е изменето за да се поврзе со вирусот, но не и со клетките на имунолошкиот систем и, според тоа, веруваме дека го намалуваме ризикот од предизвикување несакани воспалителни последици од ваквото терапевтско дејство, истакна Шичин-Шаин за хрватската државна телевизија ХТВ.
Тој додаде дека големите компании развиваат антитела, но има и бројни други тимови и напори за развој на лекови кои ќе бидат насочени кон ензимите што ги има вирусот, а ги нема нашето тело.
– Постои и класа лекови кои делуваат против прекумерен имунолошки одговор, затоа што знаеме дека кај тешки пациенти проблемот е во бурата цитокин што се јавува како последица на прекумерна имунолошка реакција на организмот, затоа се развиваат лекови за намалување на имунолошкиот одговор, посочи Шичин-Шаин.
Тој се осврна и на вакцините против Ковид-19 истакнувајќи оти се ефикасни и безопасни.
– Дистрибуирани се над 3 милијарди вакцини. Веќе не е експериментална вакцина, тестирана е на голем број луѓе и гледаме дека е ефикасна и многу безопасна. Постојат несакани ефекти и тие внимателно се следат. Ризиците од вакцините се далеку помали од ризикот од инфекција. Односот е еден на 10.000. Препораката е луѓето да се вакцинираат и се надевам дека мнозинството ќе ја послуша препораката, наведе Чичин-Шаин.
Ново на Сител
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори