Македонија
1. јуни 2021 - 11:29

Имунизацијата нема да запре, очекуваме нови вакцини, кажа Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека за вакцините „Спутник“ и „Синовак“ нема точен датум кога ќе пристигнат во државата.

Тој вчера имал разговор со рускиот амбасадор кој требал да искомуницира со Институтот од Москва и да даде повратна информација во однос на испораката на вакцините.

-Најавата за пристигнување на вакцините Синовак е за почетокот на јуни. Како што рекоа, првата недела или првите 10 дена, треба да почекаме, имунизацијата нема да запре, вчера пристигнаа нови количини на Фајзер и тие ќе бидат дистрибуирани, вели Филипче.